Лидија Паскова и нејзините момци од „Ориентал бенд“, деновиве ги посетија и израдуваа дечињата од Ј.У. Специјален завод Демир Капија.
По повод новогодишните и божиќните празници сите дечиња од овој завод си добија пакетчиња полни со многу љубов, а насмевките на нивните лица само покажаа колку едно мало внимание може да ги усреќи и да ги потсети дека сите мислиме на нив и за празниците им даруваме топлина и еден куп прегратки.
Срцето ми е полно, бидејќи дечињата беа пресреќни. Пеевме, игравме, се дружевме…Благодариме и на директорката на Специјалниот завод во Демир Капија која не пречека одлично, ни изјави Лидија Паскова.
Преземено од Радио Слободна Македонија.