Кавадарци денеска доби нов Градски зелен пазар, од 2.100 квадратни метри, со три нивоа.Има изградено 130 паркинг места, магацински простор и санитарни јазли. Самиот простор за пазарување располага со 190 модерни тезги и шест фрижидери. Сите нивоа се поврзани со скали, товарен лифт за достава на роба и помал лифт за пешаци.
-Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој го пушти во работа Пазарот со сечење лента, со претседателот на Советот Др.Стојанчо Рамов , рече дека ова е еден од најголемите и најзначајните проекти на општината. Изградбата од бетон и челик чинела 105 милиони денари, а опремувањето 12 милиони денари. -По 60 години Кавадарци доби модерен и атрактивен изглед и јас сум посебно горд поради овој проект, нагласи градоначалникот Јанчeв.
Задоволство изрази и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на денешната свеченост и ги охрабри сите останати да го следат примерот на Јанчев и на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализираат ветувањата и ја оправдуваат довербата што им е дадена. – Се надевам дека ќе продолжиме со истата динамика и во периодот што следи. Покрај целата криза што ни се случува во Македонија. Економска, енергетска, криза на политички план, секаква. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фати во костец со решавање на проблемите и ќе ги решава, ќе го олесни животот на граѓаните, како што тоа го прават нашите градоначалници, нагласи Мицкоски.