МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

9-мина граѓани на Кавадарци денеска добија рачни часовници во знак на признание за нивните вложувања за својот град

За прв пат годинава Градоначалникот Александар Панов и Локалната самоуправа Кавадарци го проширија бројот оние кои добија награди и признанија како заслужни граѓани за придонес во разни области во градот не само за новогодишната ноќ туку за цела година.

-Ова го правиме за прв пат и сметаме дека е добро , бидејки опфаќаме наши граѓани ангажирани во повеке области во животот на градот.Се работи за личности кои на предлог на Синдикатот, менаџерот или по наше согледување во текот на ланската година дале голем придонес за афирмацијата и развојот на градот Кавадарци, вели градоиначалникот Александар Панов кој денеска ги прими 9-мината кавадарчани кои ги награди со рачен часовник.

Признанијата ги добија, најмладиот и највозрасниот читател во Библиотеката Феткин - Марија Лазова и Маричка Димова,пожарникарот Митре Витанов.Од образованието наградата или поризнанието отиде во рацете на Елизабета Филипова,потоа кај ликовниоит уметник Кирил Мукаетов,полицаецот Зоран Ѓорѓијоски,врабнотениот во ЈП„Комуналец„-Енвер Муниши,студентот Билјана Костова која во меѓувреме и се вработи во АД„Гоце Делчев-Тиквеш„ и спортистот Петар Ангелов-Диви„-познат ракометен голман.

На денешната средба во пријатен разговор Панов размени мислења со најдобрите,слушна и по некоа барање за негова интервенција за подобрување на условите за работа,се интересираше за функционирањето на дејностите од каде доаѓаат наградените и посака да остваруваат уште подобри резултати во работењето годинава.