МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот Митко Јанчев со директорот на Центарот за развој на Вардарски плански реон, Сашо Мошев и Општините Росоман, Демир Капија и Неготино одржаа информативен состанок за агрометеоролошки станици за смарт земјоделство. Метеорологот Глигор Тодоров ја претстави програмата за паметно земјоделство, чија крајна цел е зголемување на приносот на земјоделските култури и квалитетот на производите. Во следниот период ќе следат презентации за сите заинтересирани земјоделци.