МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 06.03.2025 во 16.00 часот кај село Фариш, кавадаречко, на магистралниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле З.Д.(61) од село Голем Радобил, прилепско. При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени огревни дрва за кои не поседувал соодветна документација, моторна пила и други предмети. Дрвата, возилото и останатите предмети биле предадени на Шумска полиција од Кавадарци за понатамошна постапка„ се наведува во денешниот билтен.