Водата која ја пијат граѓаните на Кавадарци, Неготино и Росоман од системот за водоснабдување „Лукар„ е здрава и исправна за пиење.
Појавата на жолтеникава боја во водата во текот на вчерашниот ден, не е опасно и, истата била бактериолошки исправна за пиење.Ова денеска ни го соопшто Д-р Трајче Ризов раководител на Центарот за јавно здравје Кавадарц.
Истои така состојбата се следела и вчера и денеска и ниту во еден момент не се појавило сомнение за неисправмост на водата.За секој случај зголемен е процентот на хлорирање на водата .Без разлика на тоа состојбата со исправноста и потребнте испитувања и понатаму се следат и ке се прават, со цел да бидат отстранети сите евентуални сомневања.