МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Започнува унапредувањето и на ученичкиот стандард, особено во делот на подобрување на условите за сместување и престој во државните ученички домови.

-Во овој контекст, со задоволство информирам дека преку Бирото за јавни набавки веќе започнавме постапка за избор на компанија која ќе го реконструира ученичкиот дом “Крсте Петков Мисирков’’ во општина Кавадарци,напиша на својот фејсбук профил заменик министерот за образование и наука,Спиро Ристески.

Станува збор за инвестиција во вредност од 5 милиони денари, обезбедени преку буџетот на Министерството за образование и наука. Рокот за доставување на понудите е до 1 март, по што ќе следи евалуација и избор на најповолната и секако, почеток на градежните активности.