Утре пријателски контролен натпревар на две суперлигашки екипи
По одработувањето на мини подготовките во Дојран екипата на ГРК „Тиквеш“ продолжува со пријателски средби за претстојната натпреварувачка сезона. Стручниот штаб веке ги закажа и првите контролни натпревари па така веке утре,среда 19 август, во СС „Јасмин„ со почеток од 19 часот нашите ракометари ке го пречекаат тимот на Радовиш. И двете екипи во следната сезона ке настапуваат во ракометната суперлига но во различни групи. Радовишани се во групата А каде уште се и екипите на „Струга“, „Јуниор Кисела Вода“ , „Астраион“, „КЛ7“, „Охрид„ и „Пролет„. Нашите ракометари се во многу потешката група Б во која се и екипите на „Прилеп“, „Металург“, „Работнички“, „Младост Богданци“, „Бутел„ и „Еурофарм Пелистер 2“.Откако ке заврши регуларниот дел првите три екипи од двете групи заедно со екипитте на „Вардар„ и „Еурофарм Пелистер“ ке формираат плеј оф група која ке разигрува за титулата и за места во евро куповите. Екипите од 4 до 7 место од двете групи ке формираат плеј аут група каде ке се борат за опстанок во елитата.
м.в.