ГРУПАТА Б КАДЕ СЕ И РАКОМЕТАРИТЕ НА ТИКВЕШ КЕ ПРОДОЛЖИ НА 22 ОКТОМВРИ
Суперлигашки ракомет повторно ќе се игра почнувајки од 14 октомври. Ракометната федерација на Македонија ги извести клубовите дека планот за продолжување на натпревари би требало да се реализира наредната недела. Натпреварувањето во групата „А“ беше прекинато пред три недели, додека во групата „Б“ престана да се игра пред две недели. Според најавите групата „А“ треба да започне со натпревари на 14 октомври со средбите од третото коло, а најверојатно ќе има отстапка и за следните кола кои нема да се играат во петок и понеделник. Тие ќе се одиграат на 17, 21, 24 и 28 октомври. Тимовите од групата „Б“ ќе добиjaт поголем простор за подготовки и треба да стартуваат со натпреварите од петтото коло на 22 октомври. До краjoт на месецот оваа група ќе има натпревари на 25 и 29 октоври. За време на ЕХФ неделата коja треба да се одржи од 2 до 8 ноември, ќе биде познато дали ќе се одиграат уште седум кола. Од оние клубови кои што имаа пријавено позитивни случаи на коронавирус редовно си тренираат Радовиш и Охрид и полека се комплетираат со враќањето на заразените ракометари, додека дел од играчите на КЛ7 имаат индивидуални тренинзи, а со групни тренинзи би требало да започнат во текот на ововој викенд. Дел од играчите на Струга се во изолација до 9 октомври, па од следниот ден веројатно ќе бидат во погон и ќе имаат неколку дена да се подготват за новите предизвици, а сличен е случајот и со „Работнички“.
м.в.