РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР НЕГОТИНО ВО ПРВОТО КОЛО ГО СОВЛАДАА ТЕКСТИЛЕЦ СО 30-25
16-те екипи кои сезонава ке играат во Првата машка ракометна лига викендов се најдоа на два турнири а со овие средби стартуваше есенската полусезона. Групата „А“ играше во салата „Јанчица“ во Кичево а групата „Б“ во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Првата лига ќе се игра во четири викенди во кои тимовите ќе се борат за место во плеј-офот. Ќе бидат одиграни седум кола после кои е јасно дека ќе можат екипите да планираат како ќе биде напролет. Овој викенд имаше само едно коло, а веќе од следниот викенд ќе има по два натпревари во викенд односно два турнири така што ќе биде многу понапорно. Во првото коло вчера беа постигнати следниве резултати.
ПРВА МАШКА ЛИГА група А
„КИЧЕВО 2020“ - „ШАМПИОН“ 24 - 40
„РИНИА М“ - „ПРЕСПА 2015“ 23 - 32
„БОРЕЦ“ - „ЈЕХОНА“ 33 - 35
„АЕРОДРОМ“ - „ДРАЧЕВО“ 27 - 27
ПРВА МАШКА ЛИГА група Б
„МЕТАЛУРГ-РА“ - ПАРТИЗАН-2016 СПОРТ“ 28 - 19
„СКОПЈЕ 2020“ - „КУМАНОВО“ 30 - 23
„ВАРДАР НЕГОТИНО“ - „ТЕКСТИЛЕЦ“ 30 - 25
„МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.“ - „ДЕЛЧЕВО-ВАРДАР“ 32 - 34
Наредниот викенд домакини на групата „А“ ке бидат екипите на „Јехона“ и „Преспа“ а групата „Б“ своите натпревари ке ги одигра во Скопје каде домакин е екипата на „Металург“ и во Делчево. Ракометарите на „Неготино по воведната победа во наредните две кола ке играат со „Македонија ЃП“ и со екипата на „Металург РА“.
м.в.