МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ СЛАВЕА МИНИМАЛНА ПОБЕДА НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ТИМОТ НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

По се изгледа проработи конечно кавадаречкиот инает па нашите ракометари од екстра тешкото гостување во Битола кај екипата на „Еурофарм Пелистер 2„ се враќаат со полн плен.Во еден драматичен финиш со голот на Страхиња Симиќ „ГРК Тиквеш„ успеа да ги прокнижи првите суперлигашки бодови и да слави со резултат 29-30. По трите порази во серија нашите ракометари на оваа средба влегоа многу посериозно и водеа буквално од првата минута. Сепак во еден драматичен финиш малку недостигаше повторно да ја прокоцкаат стекнатата предност и на крајот да им дозволат на битолчани да стигнат до поделба на пленот.

Од почеток на средбата „ГРК Тиквеш“ јасно стави до знаење дека се екстра мотивирани да го направат суперлигашкото сефте. На стартот на натпреварот се беше рамноправно до резултат 4:4 кога нашите со серија се одлепија на 4-9 во 11. минута Тогаш и на битолчани им стана јасно дека на овој дуел ќе имаат тешка задача за да стигнат до нови бодови. „еурофарм Пелистер заигра поцврсто во одбраната и брзо ја стопи предноста од пет гола во средината на првото полувреме кога намалија на 9:11. Сепак и нашите ракометари заиграа поорганизирано ги намалија грешките и ја сочуваа позитивата па на одмор се замина со резултат од 16-19. Во продолжение од средбата и двата тима влегоа далеку поангажирано пред се во одбраната. Многу потешко се доаѓаше до ситуација да се реализира на двете страни а тензијата се зголемуваше како се ближеше крајот. Кавадарчани повторно направија пет гола предност но така беше до стартот на последните десет минути. Тогаш битолчани со сигурна игра почнаа да се враќаат во средбата и стигнаа до минус еден разлика, а набрзо и до нерешени 29:29. Во последниот напад на кавадарчани, Страхиња Симиќ погоди за предност од 30:29, а овој гол беше на крајот доволен за победа бидејќи составот на „Еурофарм Пелистер 2“ во последниот напад не успеа да ја искористи шансата да спаси барем бод, па кавадарчани на крајот заслужено се радуваа на првите три бода сезонава. Одлична партија имаа кавадаречките голмани Велков и Димитров кој o oдбрани два седмерци.

Страхиња Симиќ беше најефикасен со 11 погодоци а Јане Јанчев постигна 8. Кај битолчани Јован Талевски постигна 8 а Стефан Талевски 7 погодоци. Во следното коло овој петок во Кавадарци ке гостува екипата на „Прилеп“.

м.в.