ВО СЛЕДНОТО КОЛО ТИКВЕШ ИГРА СО СЛОГА ВИНИЦА А РОСОМАН ГОСТУВА НА КОЖУВ

По одигрании 14 коло во ВМФЛ-Исток ништо не е сменето особено на врвот. „Брегалница“ и “Тиквеш“ осамени ке ја продолжат борбата за титулата иако есенски прваци најверојатно ке бидат штипјани. Во меѓусебната пресметка во последново одиграно коло конкурентите мораа да се задоволат со поделба на бодовите што повеке им одговараше на штипјани кои ја задржаа разликата од 5 бода. До крајот на вториот круг останаа уште 4 кола но до крајот на оваа година ке се одиграат најверојатно уште само две кола. Екипата на „Кожув“ која е третопласирана заостанува зад водечките 14 односно цели 9 бода. Гевгеличани славеа важна ппобева на гостувањето кај „Победа“ со 1:2. Екипата на „Слога“ се искачи на 4 позиција откако со 3:0 славеше над “Осогово“. Виничани заостануваат 2 бода зад „Кожув“. „Кит Го“ немаше соодветна мотивација како против „Тиквеш“ па на домашен терен одигра само 0:0 со „Саса“. Пехчевци се 5 на табелата со 3 бода заостаток зад „Кожув“ и бод зад „Слога“. Во дербито на дното екипата на „Росоман“ повторно натпреварот го заврши со играч помалку што максимално го искористија гостите од Радовиш и забележаа минимална победа од 0:1. Со оваа победа „Плачковица“ му ја препушти фенерџиската улога на росоманчани. Во наредното 15 коло ке има неколку интересни дуели. Пред се тука е братскиот дуел помеѓу „Брегалница“ и „Кит Го“. Екипата на „Тиквеш“ на домашен терен ке игра со тимот на „Слога“ додека “Росоман“ го чека тешко гостување во Гевгелија кај „Кожув“. „Плачковица“ ја пречекува „Саса“ додека прилепчани патуваат во Кочани.

м.в.

128299446_402450057473878_4488812375793747277_n (1)