МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

KАВАДАРЧАНИ ОЧЕКУВАНО И ЛЕСНО ДОЈДОА ДО ПЛАСМАНОТ ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО

Според очекувањата во елиминационото коло под националниот куп на Македонија ракометарите на „ГРК Тиквеш“ убедливо го совладаа прволигашот „Шампион“ во натпревар кој според меѓусебен договор се одигра во салата „Јасмин“ во Кавадарци.„Шампион“ - „Тиквеш“ 23:34 што значеше пласман на кавадарчани во осминафиналето од купот. Во овој натпревар сè беше решено уште во првото полувреме кое суперлигашот од Кавадарци го доби со 9:17 така што во вториот дел немаше никакви дилеми кој ќе се пласира во следната рунда. На клупата на „Тиквеш“ дебитираше новиот тренер Горан Андоноски кој им укажа доверба на сите од ростерот. Кај кавадарчани бековското дуо Смиљаниќ со 8 и Јанчев со 9 погодоци беа незапирливи додека Ѓошевски даде 6 и тоа сите во вториот дел. Во редовите на скопскиот прволигаш најефикасен и единствена светла точка на теренот беше Миланов спо 7 погодоци

м.в.