ЗА ЕКИПИТЕ ОД ГРУПАТА А , РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА ЗАВРШИ

Во машката ракометна суперлига група А веке се е познато. Екипите на „Охрид“, „Пролет“ и „Струга“ ке разигруваат за шампионската титула односно ке играат во плеј офот додека екипите на „КЛ7“, „Радовиш“, „Јуниор КВ“ и „Астраион“ ке играат во плеј аут групата. Во групата Б има уште да се игра од регуларниот дел. Таму екипите на „Бутел“ и „Металург„ се сигурни за плеј офот.Не се знае само кој ке влезе од позицијата број три каде во моментов се наоѓа екипата на „Еурфарм Пелистер 2“ и математички се најблиску до плеј офот. Имено битолчани на третата позиција засега имаат 15 бодови два повеке од екипата на „Прилеп“ а 5 повеке од екипата на „Тиквеш“. „Работнички“ заостанува 6 бода зад „Еурофарм Пелистер 2“ а екипата на „Младост“ може да се спрема за плеј аутот. Кавадарчани испуштија убава можност да стигнат до таа трета позиција бидејки прво загубија од битолчани дома а викендов загубија и на гостувањето кај „Бутел“ со 32:24. Во наредните денови следуваат три средби кои екипата на „Металург“ треба да ги одигра на гости. Прво утре ке му гостуваат на „Бутел“ во петок гостуваат на „Еурофарм Пелистер 2“ и во недела ке гостуваат кај „Работнички“. Доколку металурзите слават во Битола и кај „Работнички“ ке ја направат борбата за третата позиција многу интересна. Еве зошто - „Еурофарм Пелистер 2“ на 22 декември игра со “Бутел“ а на 27 декември гостува во Прилеп. Доколку нема калкулации битолчани се послаби и од „Металург“ и од „Бутел“ па пелагониското дерби ке решава дилеми. Слична е и состојбата со „Прилеп“ кој прво ке го нагости „Тиквеш“ па ке му гостува на „Бутел“ и на крај со „Пелистер 2“ дома. Е сега има една математика која вели доколку „Тиквеш“ се надмине себеси па ги добие и „Прилеп“ на гости и „Металург“ дома (кој ке биде исцрпен од големиот број средби) и на крај слави кај „Работнички“, со максимални 9 бода ако другите резултати бидат реални се е можно.

м.в.

131263018_225040582524849_1487672629602016588_n