МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

фото; 24 RAKOMET

Кавадаречките ракометари победија со 30-28 и за прво место во групата „А“ ке играат со домакинот Прилеп

Екипата на ГРК Тиквеш забележа победа од 30:28 против Струга и си обезбеди дуел со домаќинот Прилеп за првото место во Групата А.

Кавадарчани одиграа подобро во вториот дел од средбата и успеаја да стигнат до победата иако натпреварот беше неизвесен. Стружани добро отворија и во 6 минута веќе водеа со 4:1, но потоа осум минути не постигнаа гол па Тиквеш израмни. До крајот на полувремето се играше израмнето па на одмор Струга замина со 15:14.На стартот на вториот дел Тиквеш постепено ја превзеде иницијативата и контролата на играта и резултатот. Кавадарчани речиси постојано беа во резултатска предност мудро ги казнуваа грешките на противникот па на крајот финишираа со резултат од 30:28.Со оваа победа Тиквеш се избори за дуел со домакинот Прилеп за првата позиција а победникот ке игра во утрешното финале.

фото; 24 RAKOMET

241034852_329818042167006_1803357856676486469_n