МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ ЈА ЗАБЕЛЕЖАА И ТРЕТАТА ПОБЕДА ВО ТРЕТИОТ НАТПРЕВАР И ОСТАНАА ПРВИ НА ТАБЕЛАТА Ракометарите на ГРК Тиквеш без Јане Јанчев на дербито од третото коло одиграа храбро и пред се трпеливо и на крај го задржаа сто процентниот ефект во суперлигашкиот плеј аут.После голема драма во завршницата екипата од Кавадарци ги освои бодовите на тешкото гостување со минимална победа од 21:22. Во цврста игра со многу грешки домакинот дури во петата минута го постигна првиот гол и тоа од седмерец. Кавадарчани пак првиот гол го постигна дури во 13. минута. Во првото полуврењме и двете екипи тешко постигнуваа голови па на полувреме резултатот беше само 8:6 за Младост. Домашните го одржуваа водството од првиот дел се до финишот на средбата кога Тиквеш успеа да израмни на 19:19. При резултат 21:21 Младост на 30 секунди до крајот имаше тајм аут и напад, но погрешија а во контрата Кондев успеа некако со еден вид на шрауба да постигне гол и на својот тим да му ја донесе победата. Токму КОндев со 5 голови беше најефикасен кај ГРК Тиквеш додека по 4 постигнаа Лазов, Медиќ и Симиќ. Кај Младост со 6 голови беше Караиванов, додека Динев постигна 5 а Димитров 4

М.В.

фото :архива ртк.мк