МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЛОКОМОТИВА ГО ПРЕЧЕКУВА НАПРЕДОК ОД КРУШЕАНИ, ВАРДАР ВО НЕГОТИНО ИГРА СО ПРЕВАЛЕЦ А ФК МАРЕНА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ГО ПРЕЧЕКУВА МЛАДОСТ ОД УДОВО

Третолигашите од групата југ ке го одиграат мошне интересното 19 коло со неколку дерби натпревари. Локомотива од Градско која се врати на врвот на табелата ке го пречека тимот на Напредок од Крушеани екипа која во минатото коло киксна на домашен терен со Питу Гули. Локомотива доколку сака да го задржи врвот едноставно мора да оди на победа дотолку повеке ако се знае дека во следното коло се слободни. И екипата на Вардар од Неготино ке одигра дерби натпревар бидејки за противник ке го има тимот на Превалец. И двете екипи се претенденти за висок пласман. Братство кој одлично го стартуваше пролетниот дел овој пат ке се сретне со второпласираниот тим на Ново Црнилиште. Марена на домашен терен ке игра со Младост од Удово во обидот да се одлепи од долниот дел на табелата. Обршани не би требало да има проблеми со Динамо исто како и Дојранско езеро кое ке гостува во Башино Село на екипата на Илинден. Големо Коњари и Младост од Кривогаштани ке го одиграат дербито на дното на табелата.

М.В.