МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

САШКО ПАНОВСКИ КОЈ ГО ОСТВАРИ ИСТОРИСКИОТ УСПЕХ НА КЛУБОТ ПОВЕКЕ НЕ Е ТРЕНЕР

Новиот второлигаш и единствен претставник од Тиквешкиот регион, подготовките за настап во втората лига исток ги започнува денеска и веднаш со изненадување за спортската јавност. Човекот кој заедно со клубот го постигна историскиот успех за фудбалот и за самото Градско со пласманот во втората лига, Сашко Пановски повеке не е тренер на овој клуб. Управата на клубот го назначи Димче Тодоровски за нов тренер на второлигашот Локомотива Градско. Тодоровски во минатото беше на клупата на Плачковица од Радовиш.Задржан е целосниот костур на тимот а ќе бидат донесени и неколку засилувања. Целта на клубот е опстанок во Втората лига исток. Досегашниот тренер Сашко Пановски засега останува во стручниот штаб, додека нов тренер на голманите е Сашко Паунов.

М.В.