Со средбите од редовното ,3 коло , продолжуваат возбудувањата во ракометната супер лига
Вчера се одиграа неколку средби од ракометната супер лига. Во езерското дерби Струга на домашен терен загуби од Охрид со 19-21.
Вториот тим на Еурофарм Пелистер направи мало изненадување откако славеше со 30-27 против фаворизираниот тим на Бутел. Скопје беше ппоразено на домашен терен со 29-33 од екипата на Пролет. Претходно Тиквеш во Кавадарци загуби од Еурофарм Пелистер со 24-30, а Прилеп го направи најголемото изненадување откако го совлада Металург со 28 - 24. Второто коло во суперлигата ке заврши денес со стредбата Вардар - Радовиш.Супер лигата продолжува со средбите од 3 коло веке од утре. Според првичниот календар утре би требало да се одиграат средбите Еурофарм Пелистер - Струга и Пролет - Прилеп. Во недела на програмата се средбите Охрид - Вардар, Металург - Еурофарм Пелистер 2 и Бутел - Тиквеш.
Кавадарчани стартуваа со 2 порази но покажаа дека имаат респектабилен состав а Бутел покрај тоа што е домакин ке сака да се рехабилитира за неочекуваниот пораз од Еурофарм Пелистер 2. Третото коло ке заврши во понеделник со средбата Радовиш - Скопје.
М.В.