МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За кавадаречките ракометари домашниот терен и помошта од публиката треба да биде огромна предност

Ракометните суперлигаши овој викенд ке го одиграат петтото коло. Во групата А утре шампионот Вардар ке му гостува на амбициозниот тим на Охрид. Утре се играат и средбите Бутел - Куманово а екипата на Вардар од Неготино ке гостува кај Прилеп во дербито на дното. Во недела Алкалоид ке го пречека тимот на Струга. Во групата Б во Кавадарци екипата на ГРК Тиквеш утре од 18 часот ке го одигра дербито со Пролет. Кавадарчани посакуваат сесрдна помош од трибините бидејки тоа и домашниот терен би требало да бидат фактор на страна на домакинот доколку ја посакува победата, а победата е дотолку битна што тимот во позитивна атмосфера ке го дочека гостувањето на Пелистер во следното коло. Утре се играат и средбите Радовиш - Голден Арт и Јуниор КВ - Еурофарм Пелистер. Во недела Еурофарм Пелистер 2 го пречекува Скопје.

Средбата во Кавадасрци ке биде пренесувана на МТВ.

М.В.