„Последното учество кое ракометен клуб од Кавадарци го имаше во Супер лига е во 2010 година. После пауза од 4 години, ГРК ТИКВЕШ 2014 започна одново, со нови сили да се натпреварува во системот на натпреварување на РФМ. Од 2020 година, како 1-во пласирани во 1-ва лига, ГРК ТИКВЕШ 2014 влезе во Супер лига. Оваа натпреварувачка сезона (2021/2022) после 12 години, Кавадаречкиот ракомет е на врвот на македонскиот ракомет. Заедно со РК ВАРДАР, РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2, РК БУТЕЛ И ГРК ОХРИД ги формиравме најдобрите 6 екипи во македонскиот ракомет. Клубот во своите редови има над 100 ракометари и 5 тренери кои ги водат и клубот успешно се натпреварува во сите машки младински категории: - МЛАДИНЦИ (помлади од 2002 година) - Кадети (помлади од 2004 година) - Пионери (помлади од 2006 година) ОВОЈ УСПЕХ Е НА ГРАД КАВАДАРЦИ, ОВОЈ УСПЕХ Е ЗА РАКОМЕТНО КАВАДАРЦИ,„- се наведува ФБ објавата по повод пласманот на ГРК Тиквеш во натпреварите во ракометна Европа.  
                     
                   
                      
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      