МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кик бокс клубот Будо од Кавадарци освои злато и бронза а Гладијатор од Неготино 3 злата на ова натпреварување

Македонската кик бокс маи таи федерација учествуваше како репрезентација со 14 клубови на Европскиот куп К1 „Србија опен“ во Краљево, Србија, и освои 56 медали – 20 златни медали, 22 сребрени и 14 бронзени. На турнирот учествуво земаа натпреварувачи од Македонија, Србија, Финска, Бугарија, Израел, Сингапур, Словачка, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а од македонската репрезентацијата учествуваа вкупно 63 натпреварувачи во 68 категории. Шампион од Скопје освои 6 злата, 4 сребра и 2 бронзи, Тим Зоран од Струмица освои 4 злата и 4 сребра, Енерџи од Битола 2 злата, 1 сребро и бронза, Будо од Велес 1 злато, 2 сребра и 4 бронзи, АС – Делчево освои 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен, Лидер од Виница 1 златен, 1 сребрен и 4 бронзени, Комбат од Радовиш освои 1 злато, Максам тим од Прилеп 2 сребрени и 1 бронзена, Гладијатор од Скопје 2 сребра, Куманово 2006 освои 2 сребрени медали, Самурај од Битола 1 сребро, Гладијатор фајт од Штип 1 сребро, Гладијатор од Неготино освои 3 злата а Будо од Кавадарци 1 злато и 1 бронза.Кикбокс клуб Гладијатор од Неготино на ова натпреварување учествуваше со тројца натпреварувачи и сите се закитија со златни медалиРоберт Костовски во сениорска конкуренција до 69кг, дисциплина кик лајт - Прво местоМарија Јанева во сениорска конкуренција до 60кг, дисциплина кик лајт - Прво местоЈадранка Темелкова во јуниорска конкуренција до 55кг, дисциплина кик лајт - Прво место. Исто така да нагласиме дека кикбокс клуб Гладијатор изминатиот месец учествуваше на турнирот Grand Prix BiH во Сарајево каде Роберт Костовски и Марија Јанева освоија златни медали а Душица Стојанова бронза. Успешен настап на Европскиот Куп во кик бокс имаа и членовите на клубот за боречки вештини Будо од Кавадарци. Дарко Димитриев освпои 1место за сениори во дисциплината кик лајт до 63кг , Слободанче Ѓорев освои 3 место за сениори кик лајт до 57кг а Олгица Орешкова стигна до 5-то место за сениорки во дисциплината К1 ринг -52кг. Македонската репрезентација освои пехар за најтрофејна екипа на првенството.

viber_image_2022-03-22_13-10-56-427 viber_image_2022-03-22_13-10-56-923 viber_image_2022-03-22_13-10-55-925 viber_image_2022-03-22_13-10-57-484 viber_image_2022-03-22_13-10-58-812 viber_image_2022-03-22_13-11-52-628 viber_image_2022-03-22_13-11-53-114

М.Виденовиќ