МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГИЧЕВ И СИМИЌ КЕ ЈА ОРГАНИЗИРААТ ИГРАТА НА КАВАДАРЧАНИ ВО СУПЕРЛИГАТА

Екипата на ГРК Тиквеш од Кавадарци продолжува со формирањето на играчкиот ростер за новата сезона во која ќе игра во ракометната елита. Ново име во составот што ќе биде предводен од Ристо Магдинчев е организаторот на играта Марио Гичев. Тој доаѓа од тимот на Јуниор Кисела Вода каде што настапуваше претходната сезона. Потекнува од штипски Текстилец, а беше дел од Вардар 2, Работнички и Пролет. Покрај Гичев, на средната бековска позиција ќе игра и Страхиња Симиќ, кој потпиша нов договор со кавадаречкиот тим. Подготовките на Тиквеш стартуваат утре, на 29 јули, а како што веке споменавме предвидени се настапи на турнирите во Струга и во Прилеп.

М.В.