МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од петок 8 април до недела 10 април во салата Јасмин 4 најдобри екипи во машка и женска конкуренција ке се борат за куп трофејот

Кавадарци покрај Скопје и Битола дефинитивно е најспортскиот град во нашата држава. Меѓутоа како спорт одбојката без разлика машка или женска никако повторно стандардно да заживее во нашиот град. Одбојкарската федерација на Македонија направи вистински потег за афирмација на одбојката па завршницата од националниот куп ке се одигра во салата Јасмин во Кавадарци. Од 8-ми до10-ти април, најдобрите осум екипи во шампионатот сезонава, по четири во двете конкуренции,ќе се надмудруваат за престижниот пехар.Петок 8 април е предвиден за полуфиналињата кај одбојкарите. Третопласираниот во лигата, Вардар, ќе игра против ланскиот финалист Универзитет Тетово, а Шкендија, која годинава е втора во првенството, ќе се сретне со бранителот на двојната круна Струмица 47&72. Најуспешниот тим кај нас во последната деценија се надева на осмиот куп-трофеј во претходните десет изданија од ова натпреварување. Во сабота кај дамите, минатогодишниот победник Јанта волеј Кисела вода ќе игра против финалистот од 2019-та Наковски волеј, додека, пак, лидерот во лигата и најдобриот во купот пред три години, Работнички Скопје, ќе игра со Струмица жени. За разлика од лани, овој пат на завршниот тунир нема да биде екипата на Вардар жени која не успеа да влезе меѓу четирите најдобри, а кај мажите конкуренцијата е иста. На третиот ден од настанот во Кавадарци, в недела на 10-ти април, се предвидени финалните натпревари. Сите шест ќе бидат емитувани на програмата на националниот сервис. Средбите се играат со почеток во 16 и 19 ч.

М.В.