Кавадарчани ги избраа најдобрите спортисти, колективи и спортски работници за 2022 год.
Синоќа во кино салата при домот на културата Иван Мазов Климе се одржа манифестацијата „Избираме спортист на годината за 2022„. Сојузот на спортови на град Кавадарци претходно ги собра сите предлози од клубовите односно спортските колективи за поединечни и екипнии достигнувања. На синоќнешната манифестација беа доделени награди во неколку категрии: таленти, јуниори и сениори. Беа доделени и специјални благодарници на Никола Златев, Лиле Миткова, Љубица Бошкова и Анастасиа Тодорова за учество на ЕП во кошарка жени до 18 год во Софија, Бугарија, потоа на Тиквешките точакџии за извозени 1000 км со велосипед во рамките на проектот „Од срце за Тоше“, на Меридијан Атлетик Еко Клуб за одржување на рекреативно маратонското трчање, на др. Бошко Илиев за промоција на спортско рекреативно маратонско пливање и за трајни вредности за 25 год. посветени на гимнастиката на Јагода Нацева. Беа доделени и неколку плакети и тоа за посебен придонес за подршка на спортот во Кавадарци на градоначалникот Митко Јанчев за успех на годината на женската кошаркарска екипа на гимназијата „Добри Даскалов“ за учество на СП во Белград, Србија, на Ратко Мицев од ГРК Тиквеш како најдобар спортски работник. За настан на годината прогласен е меѓународниот меморијал во мал фудбал во чест на Љупчо Филипов. Плакета за Спортска гордост на градот доби ГФК Тиквеш а плакета за спортска подршка и хуманост доби навивачката група Лозари. Наградата за најдобар спортски новинар ја доби Мики Виденовиќ за 1000 емисии „Спортодром“. Најдобар спортски колектив е Центарот за боречки вештини Будо, најдобар тренер е Александар Ристовски од центарот за боречки вештини Будо. Најдобар млад спортист е Данка Стојкова од КК Сансаи Метал Апостолов. А спортист на годината е членот на центарот за боречки вештини Будо - Дарко Димитриев
М.В.