МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Продолжува поддршката за здравствените работници од страна на семејството на Фондот за иновации и технолошки развој

Проф. Димитрија Ангелков од Кавадарци нуди решение за изработка на визир маски, а заедно со својот тим веќе има произведено и донирано неколку илјади вакви маски.

Потребни материјали и начин на изработка:

1. Со помош на самолеплива лента за изолација на прозорци од провев (околу 6 денари) се сечат парчиња на растојание од 30 cm.2. Се сече надолжно ластик широк 30 cm (широчина од 1 cm). Ластикот не чини повеќе од 3 денари.3. Се набавува фолија за укоричување од книжара (чини околу 5 денари)4. Се лепи траката на фолијата, се хефта ластикот на краевите со хефталица.5. Маските се стерилизираат со раствор на варикина во однос 1:20. Се става само една мала капка сјај на маската и се разнесува низ целата фолија.

Професорот Ангелков вели дека вкупно една визир маска чини не повеќе од 14 денари. Маските се прифатени и лесно се стерилизираат, а со само едно пребришување е опфатена целата површина. Не прима вируси и бактерии во внатрешноста и не остава траги на челото, а е пријатна и за носење затоа што во внатрешноста има празен шуплив простор кој ја зголемува еластичноста.

- Многу компании и поединци, континуирано се пријавуваат на апелот на Фондот кој има за цел сите компании-кориснички на средства од ФИТР да ја покажат својата општествена одговорност, односно бесплатно на сите граѓани да ги стават на располагање производите, услугите и содржините кои ги изработуваат/нудат, а кои можат да бидат корисни за конструктивно, квалитетно и креативно искористување на времето и прилагодување кон новонастанатите услови за живот под времено изменети околности, како и во поддршка за справувањето на надлежните со корона вирусот.