Воспитно–едукативни средства за градинките од регионот –,, DRӒXLMAIER ги израдува дечињата од неколку градинки во регионот со играчки и дидактички и надгледни средства кои ќе помогнат во остварувањето на образовниотпроцес. Градинките „Рада Поцева“ од Кавадарци, „Фемо Кулаков“ од Неготино и „Наша иднина“ од Прилеп, на голема радост на дечињата, новата година ја започнаa со нова рекреативна и едукативна опрема која е подарок од DRӒXLMAIER.
Додека престојуваат во градинка, децата треба да имаат чувство исто како да се дома, а воспитниот процес да се одвива преку игра. Покажувајќи колку децата се важни за возрасниот свет, DRӒXLMAIER како и многупати до сега, повторно ги поддржа градинките од регионот.-„Една од најважните задачи во воспитно – образовниот процес е поттикување на детскиот развој преку едукативни игри и активности. На ваков начин сметаме дека ќе придонесеме за унапредување и поддржување на работата на детските установи за предучилишна возраст. Вложувањето во најмалите, значи вложување во нашата иднина“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.Децата со широки насмевки и голема радост ги дочекаа подароците од DRӒXLMAIER. Благодарност до компанијата изрази и воспитниот кадар во градинките.
-„Навистина сме среќни што DRӒXLMAIER се грижи и преку вакви донации го поттикнува развојот на најмалите и придонесува за поквалитетен третман на дечињата што пак води до поголем степен на хуманизација на општеството“, вели Цана Добринова, директорка на градинката „Рада Поцева“ во Кавадарци.DRӒXLMAIER продолжува да ја следи својата стратегија за општествена одговорност преку иницирање и организирање бројни активности заедно со своите вработени, а во насока наподобрување и унапредување на условите во регионот кадешто делува.,, - соопштуваат од ДРЕКСЛМАЈЕР-КАВАДАРЦИ.