МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

РАКОМЕТАРИТЕ НА ТИКВЕШ ПОРАЗЕНИ ОД ПРОЛЕТ А РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР НЕГОТИНО ЗАГУБИЈА ОД РАДОВИШ

Екипите на „Пролет“ и „ГРК Тиквеш“ го одиграа и возвратниот пријателски натпревар. Откако во првиот во Кавадарци славеше „Тиквеш“, сега „Пролет“ им се реваншираше и го доби дуелот во Скопје со резултат 32:28 (20:12). Откако кавадарчани одиграа лошо прво полувреме во вториот дел „Пролет“ само рутински го контролираше резултатот. Сепак „Тиквеш“ во завршницата успеа да го искористи опуштањето на „Пролет“ и само да го ублажи поразот.Веке во среда ракометарите на „Тиквеш“ ке имаат обврски во рамките на Купот на Македонија каде ке се сретнат со екипата на „Шампион“ од Скопје.И ракометарите на „Вардар“ од Неготино се поразени во контролката на гостувањето во Радовиш со резултат 45:26. Во составот на „Радовиш“ дебитираа новите играчи – десниот бек Милош Лојаничиќ, пикерот Али Кобеиси и левиот бек Петар Аќимовиќ. И неготинчани беа активни на трансфер пазарот па по средниот бек Борис Ристовски од „Тиквеш“ и камбекот на Кузманов и Стаменов, тие ги засилија своите редови и со голман. Станува збор за Мартин Божиновски, кој досега играше во тимот на „Металург РА“, а претходно бранеше и за „Рудар“ Пробиштип. „Вардар“ Неготино во среда треба да го игра дуелот од Купот на Македонија против „Еурофарм Пелистер“.

м.в.