МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На25 септември 1976 година во Скопје почина Никола Бадев, еден од најистакнатите и најрепрезентативните изведувачи на изворната македонска народна песна. Роден е во с.Глишиќ, кавадаречко 1918 година во земјоделско семејство. На 10 годишна возраст започнал скришум да свири виолина. Како младинец го сакал спортот и бил еден од подобрите фудбалери на ФК “Југославија“ од Кавадарци. Се оженил многу млад и во бракот со сопругата Милка имал три деца. Учесник е во НОВ и се бори во Втората македонска ударна бригада. Во 1952 г. по препорака на свои пријатели заминува во Скопје, од кога започнува неговата професионална кариера. Бадев има снимено повеќе од 400 песни и грамофонски плочи, а има остварено и голем бјој на турнеи во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и др. земји.Својата прва плоча Никола ја сними 1952 година за “Југотон“ е песната “Тешка беше нашата разделба“. Со неговото вклучување во ансамблот на Радио Скопје му овозможува да го изгради и музички облагороди неговиот препознатлив кадифен глас, кој и до ден денешен не е надминат.