МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НА ДЕНЕШЕН ДЕН (21 декември 1922 година) во Кавадарци е роден Мито Хаџи Василев Јасмин

Тој е истакнат револуционер, новинар, теоретичар и политичар. Со само 15 години станал член на СКОЈ, а во 1940 г. член на КПЈ. Јасмин е еден од организаторите на востанието против окупаторот во Тиквешијата. Бил зам. политички комесар на Втората македонска ударна бригада. На два пати бил главен и одговорен уредник на в. “Нова Македонија“, а во мај 1967 година бил избран за претседател на Собранието на Република Македонија. Ненадејно почина во Брела Хрватска на 1 август 1968 година на 46 годишна возраст.

Неговото име осумдсесетите години од минатиот век со почит го носеше Центарот за радио ,печат и издавачка дејност-едно од најголемите фирми од медуимската дејност кои некогаш работеле во Кавадарци ( Радио Кавадраци, Весник-КВ 7Септември и издавање на литературни дела). Ова организација не постои од 90-години.