МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

152 деца од Неготино и Демир Капија беа на бесплатен одмор во детското одморалиште “Мајски цвет” во Струга

Одморот на децата е во организација на Министерството за труд и социјална политика.

-Правото на бесплатен летен одмор и рекреација го имаа деца од семејства со социјален ризик и деца од семејства корисници на посебен или детски додаток, социјална или постојана парична помош, родителски додаток, деца без родители и родителска грижа. Услов беше тие да се родени во периодот од 2000 до 2005 година, редовни ученици кои посетуваа настава од петто до деветто одделение, информираше денеска Роза Јаневска, директор на Центарот за социјални работи од Неготино.

Таа потсети дека летувањето беше во 4 смени од по 7 дена, со 6 полни пансиони. Учениците кои беа дел од него, имаа можност за едукативни, забавни и спортски активности.

-Децата корисници на посебен додаток имаа право на придружник за време на одморот. Превозот до одморалиштето и назад им беше оргаизиран, рече Јаневска.