СЕ ПОСТАВУВА ПОДЗЕМНА ЕЛЕКТРИЧНА ИНСТАЛАЦИЈА ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Продолжува инфраструктурното уредување во општина Неготино. Деновиве се поставува нова подземна електрична инсталација за улично осветлување во должина од околку 360 метри на дел од улиците „Коста Волкановски“ и „Владо Арсов Шпанац“. Според проектот ќе бидат поставени 11 нови лед штедливи светилки на 8 метарски метални столбови кои ќе функционираат согласно поставената автоматика на останатото улично осветлување во градот. Средствата за овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Неготино.
м.в.