МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПО 57 ГОДИНИ УЧИЛИШТЕТО ВО ДОЛНИ ДИСАН ГИ ЗАМЕНИ СТАРИТЕ ЌУМБИЊАТА СО ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ НА ПЕЛЕТИ

Последна активност од донацијата на Јапонската амбасада за Општина Неготино каде корисник се јавува подрачното училиште „Гоце Делчев“ од с. Долни Дисан беше денешната завршна церемонија на примопредавање на успешно завршениот проект преку Програмата за мали грантови на Јапонската амбасада. Училиштето е изградено во 1963 година а во него учат 120 ученици кои до скоро се грееја на старите ќумбиња на дрва. Благодарение на грантот од јапонската амбасада модернизирано е греењето во училиштето и тоа на пелети. Изјави за медиумите денеска пред училиштето дадоа градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претставникот од Јапонската Амбасада – Заменик шеф на мисија г. Такахаши Сатору и директорот на училиштето Петар Мантев.

м.в.