МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Министерот за привлекување странски инвестиции во Владата на Република Македонија Џери Наумоф престојуваше во работна посета на Општина Неготино при што најпрво оствари средба со својот домаќин-градоначалникот Ванчо Апостолов, по што двајцата заедно со своите тимови присуствуваа на отворањето на нов производствен погон во Неготино. Станува збор за инвестиција на наша сограѓанка со подолг престој во САД која одлучила во родниот град да започне бизнис за производство на здрава храна, а министерот Наумоф и градоначалникот Апостолов на лице место се запознаа со процесот на производство и асортиманот на производи кои сопственичката очекува своето место да го најдат не само на македонскиот, туку и на балканските пазари. Доколку работите се одвиваат со очекуваните резултати, отворањето на овој погон ќе претставува увертира во изградбата на фабрика за производство на здрава храна во општина Неготино во која потенцијално работа ќе најдат од 70 до 80 невработени лица.