МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пораз на ГФК Тиквеш на Градски во Кавадарци од второпласираниот на табелата на Втората лига исток Борец

ГФК Тиквеш 1930 загуби од Борец 1919 на Градскиот стадион во Кавадарци со убедливи 1:3.Во првото полувреме Тиквеш одржуваше игра и резултат и на одмор се отиде со1: 0 за домашните.

Во второто полувреме следуваше комплетен пресврт на средбата:Борец постигна 3 гола, Тиквеш ниеден.Тиквеш беше далеку послаб противник и речиси не бележиме посериозен напад кон противничкиот гол.Незадоволни од резултатот кое гласно го изразија беа навивачката група Лозари Исток кои долго по средбата во нервозна атмосфера во присуство на полиција чекаа од клубските простории да излезат играчите и раководството на ГФК Тиквеш.Mалубројната публика која исто така незадоволна oд резултатот , предвреме го напушти Градскиот стадион.

Инаку денеска Беласица во гости победи со високи 12: 0 против Победа во Валандово. На другите средби беа постигнати овие резултати:

Осогово – Каменица Саса 1-0

Тиквеш – Борец 1-3

Победа Валандово – Беласица 0-12

Кожуф – Плачковица 1-0

Брегалница – слободна