МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВО 23 КОЛО ОД ТРЕТАТА ЛИГА ЈУГ СИТЕ ФАВОРИТИ БЕА НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДЕНИ

Во Tретата фудбалска лига група - ју,г вчера се одигра 23 коло кое екипите што претендираат за највисок пласман би сакале што поскоро да го заборават. Лидерот на табелата Локомотива од Градско гостуваше во Марена и иако беше фаворит не успеа да го скрши отпорот на домаќините па средбата заврши без голови 0:0.

Второпласираниот тим на Ново Црнилиште беше непријатно изненаден на гостувањето кај Динамо каде загуби со 4:2. Братство киксна на домашен терен и одигра само 1:1 со Дојранско Езеро но со овој бод ја превзеде втората позиција на табелата. Обршани и Напредок исто така ги поделија бодовите играјки 1:1. Во Кривогаштани Младост го изненади Превалец и победи со 3:2 додека Големо Коњари го совлада Удово со 1:0 и освои важни бодови во борбата за опстанок. Лидерот Локомотива ја задржа предноста од 7 бода во однос на второпласираниот а сега тоа е тимот на Братство.

М.В.