МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани го прескокнаа на табелата директниот конкурент за опстанок

Поради снежни врнежи на територијата на цела држава, Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи петте натпревари од 22. коло во ПМФЛ кои требаше да се одиграат вчера, во недела на 6 март и ги презакажа да се одиграат на 9 март во среда, со почеток во 14.00 часот. Единствениот натпревар кој се одигра од ова 22 коло беше средбата Тиквеш - Скопје. Екипата на Тиквеш со победа над Скопје од 3-0 го заврши вториот круг од натпреварите во ПМФЛ и го прескокна ривалот на табелата во битката за опстанок во најквалитетното друштво. Кавадарчани одлично го отворија натпреварот а гостите играа нервозно и грубо. Домакинот прво преку Вареловски ја погоди пречката. Гостите играа и премногу дефанзивно а по само 30 мин Димов заработи втор жолт картон. Кавадарчани притиснаа а Барга повторно ја здрма пречката. Во 45 мин биеше Мишов а Барга натрча на втората статива и го отвори резултатот. Во 60. мин. биеше младиот Тодоров, топката од дирекот се одби до Барга кој по втор пат реализираше. Во меѓувреме втор жолт заработи и Десниќ па Скопје средбата ја заврши со 8 играчи во поле. Во самиот финиш Ризов постигна гол и ги постави конечните 3-0. Тиквеш сега се израмни со Скопје со бодевите но има подобра гол разлика . Кога ке се одиграат сите средби од 22 коло ке следи третиот круг и уште единаесет кола, во кои сигурно ќе гледаме жестока битка да се избегне местото кое води директно во второлигашкото друштво.И второлигашите го одиграа последното 18 коло од вториот круг. На истокот Победа и Беласица одиграа 0-0 а Слога со 2-0 ја доби Саса и го превзеде врвот. Локомотива во Градско загуби со 0-1 од Пехчево, Братство – Детонит 1-0 и Осогово – Кожув 1-1. На западот во дербито – Тетекс – Воска 1-1, Силекс – Кораби 3-0, Гостивар – Вардар 1-1, Охрид – Велешта 2-1 и Кадино – Беса 0-5.Третолигашите од групата југ го одиграа некомплетното 2 коло. Ново Црнилиште – Превалец 2-5, Големо Коњари – Бучин 5-3, Возарци ДМД – Слога Лажани 0-1 и Питу Гули – Динамо 4-0. Вардар од Неготино службено ке го добие натпреварот со Напредок кој се откажа од учеството во лигата. Заради временските услови одложени се натпреварите Младост – Росоман и Обршани – Марена.

M.В.