МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Овој натпревар едноставно мораат да го добијат и тоа со најмалку 8 поени разлика доколку сакаат да останат во трката за пласман помеѓу четирите најдобри.

Иако навидум не делува како невозможна мисија, затоа што Фени многупати покажал дека знае како се победува Кожув, да надополнува резултатско заостанување, но и како се добиваат клучни натпревари, сепак, повредите на Андреј Магдевски и Матеја Чешковиќ дополнително го скратуваат и онака минималниот избор на Малинков. Дополнителен проблем создаваат и ситните повреди на Џекиќ и Пантиќ, кои ветуваат дека до сабота ќе бидат фит и ќе го дадат својот максимум.

„Во Гевгелија изгубивме со седум поени разлика, па доколку сакаме да ги задржиме шансите за понатамошен прогрес ќе ни треба победа од најмалку 8 поени разлика. Имаме големи проблеми со повредени играчи, го загубиме и Чешковиќ, но во „Јасмин“ секогаш сме ние фаворити и очекувам дека со поддршка на публиката ќе успееме да стигнеме до победата“ - рече меѓу другото предводникот на Фени, Љупчо Малинков.

Со слично мислење се и капитенот Кирил Николовски и Бранислав Џекиќ, кои веруваат дека ако „Јасмин“ биде полн како во полуфиналето и финалето од завршницата на националниот куп, Фени ќе биде тимот кој што ќе слави на крајот од натпреварот.

Натпреварот Фени Индустри - Кожув се игра во сабота, 22 април, со почеток од 18 часот, а истиот е само вовед во напорната недела во која кавадаречките кошаркари ги очекуваат дуелите со Куманово на гости и со Работнички на домашен терен.