Кавадаречката кошаркаркарска школа „Спортисимо„ на спорстките терени на ООУ„ГоцеДелчев„ вчера го организира 16 турнир во улична кошарка.

Истиот беше успешен и на него учествуваа 110 млади кошаркари.Се работи за 16-ти по ред турнир во улична кошарка на Школата за кошарка „Спортисимо„ во која тренираат деца од 7 до 14 години.Годинава се напреваруваа 20 екипи како и 30 -тина кошаркари од 7 години.Мирослав Златевски, заедмно со тренерите Марјанчо Јанкулов и Ѓорѓи Илов работат со идните кошаркари со години и имат одлично искуство со сите “погони„.Дел од нив заминуваат во кошаркарски тимови ,во градот и надвор од него.