ОДРЕДЕН ДАТУМОТ ЗА 12-ТЕ ПРВОЛИГАШИ
Кошаркарската федерација на Македонија по консултација со клубовите го одреди датумот за почеток на новата сезона за македонската кошаркарска елита. Сепак овој датум ке зависи и од актуелната состојба со вирусот Ковид 19. Сите клубови кои сезонава ке играат во првата лига веке стартуваа со подготовките и оформување на ростерите. Според последното известување новата сезона би стартувала на 3 октомври. Во новата сезона во кошаркарската елита ке играат 12 клубови и тоа ланските 10 - „МЗТ Скопје“, „МЗТ Скопје УБ“, „Работнички“; „Гостивар“, „Кожув“, „Еуро Никел“, „Куманово“, „Пелистер“, „ФМП“ и „Вардар“ нови учесници во елитата се екипите на „ТФТ“ од Скопје и „Црн Дрим„ од Струга.
Да потсетиме дека минатата сезона заврши без испаѓање и без да биде прогласен шампионот. Обелоденувањето на датумот за старт на сезоната значи дека наскоро можеме да очекуваме клубовите да контактираат помеѓу себе и да почнат да се одредуваат термини за контролни натпревари.
м.в.