МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕКИПАТА НА ПРОБАСКЕТ ОЧЕКУВАНО ПОРАЗЕНА НАГОСТИ ОД АНГЕЛИ СО УБЕДЛИВИ 90:54

Вчера и денес се одиграа и ке се играат средбите од 6 коло во двете машки втори кошаркарски лиги. Екипата на „Охрид“ продолжи со одличните настапи и му го нанесе првиот пораз на „Чаир“ и тоа на гостински терен со резултат 71:82. Затоа пак кошаркарите на „Ангели“ не си дозволија таков „луксуз“ и дојдоа до уште еден убедлив триумф на домашен терен против нашиот „Пробаскет“ со 90:54, па сега се единствените со максимален ефект по некомплетното шесто коло во Втората лига.

Во источна конкуренција, победи забележаа и конкурентите на „Ангели“ во трката за највисок пласман. „Феникс“ без поголеми проблеми го победи Ролинг со 86:59, додека во многу понеизвесен натпревар „Борец Баскет„ славеше нагости против „Куманово 2“ 81:85. И втората кумановска екипа, тимот на „МКК Куманово“ прокнижи пораз на гостувањето кај „Баскет КАМ“ со 90:54. Одложен е натпреварот во Струмица каде требаше да гостува екипата на „Шкупи“.

Во западната конкуренција „Тетекс“ ја победи „Спарта“ со 81:75, а „Пелистер МК“ славеше на гостувањето кај „Спорт Тим“ со 40:65. Денес треба да играат „Партизан ВС“ - „Хераклеа“ а одложена е средбата во Прилеп, помеѓу „Мега Баскет“ и „Риниа“.

м.в.

128806844_1750720968435166_1758408348243928182_n