МКК ЕУРОНИКЕЛ ВО ПРАЗНАТА САЛА ЈАСМИН КЕ ГО ПРЕЧЕКА ТИМОТ НА АКАДЕМИЈА ФМП
Кошаркарското првенство на Македонија барем кога станува збор за машката елита стартуваше изминатиов викенд а продолжува веке утре со средбите од второто коло.Ке се игра малку забрзано за да се остави и простор за репрезентативната пауза. Утре со почеток од 18 часот кошаркарите на МКК„Еуро Никел“ во празната сала „Јасмин“ ке го пречекаат тимот на „Академија ФМП“. Според квалитетот на поединците и искуството кавадаречкиот состав е благ фаворит. Но гостите од Скопје во првото коло покажаа дека знаат како да играат со фаворитите и го изненадија фаворизираниот тим на „Гостивар“. Нашите момци не блескаа со вториот тим на „МЗТ“ но сепак забележаа победа. Под знак прашалник е средбата „Пелистер“ - „Вардар“ бидејки и двете екипи пријавија заболени од КОВИД. Од средбата МКК„Еуро Никел“ - „ФМП“ утре за сите љубители на кошарката обезбеден е директен стрим пренос на РТК.МКВТОРО КОЛО - парови„МЗТ Скопје Аеродром“ - „Кожув“„Гостивар“ - „Работнички“„Куманово“ - „МЗТ Скопје Уни Банка“„Пелистер“ - „Вардар“МКК„Еуро Никел“ - „Академија ФМП“„Црн Дрим“ - „ТФТ Скопје“
м.в.