МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА КАВАДАРЕЧКИТЕ КОШАРКАРИ СО ДВЕ ПОБЕДИ ПО ДВЕ КОЛА

Кошаркарското првенство на Македонија продолжи според планот а кошаркарите на „ЕуроНикел“ ја забележаа и втората победа. Овој пат во Кавадарци гостуваше екипата на „Академија ФМП„ а кавадаречките кошаркари не дозволија изненадување и славеа убедлива победа од 96-82. Домашните кошаркари имаа одличен старт и по само шест минути игра дојдоа до двоцифрена предност од 17-6 но првиот период од играта заврши со „само“ шест поени предност за „ЕуроНикел“ 24-18. Во втората четвртина играта беше доста израмнета а периодот заврши со резултат 50:45 за домакинот. Во третиот дел со серија од 23:9 „ЕуроНикел“ стигна до убедливи 73-54. До крајот кавадарчани рутински ја одржуваа предност и заслужено ја прославија и втората победа во новата сезона. Првата петорка на „ЕуроНикел“ средбата ја заврши со двоцифрен број на поени. Казарновски имаше и дабл-дабл ефект од 19 поени и 10 скока, Караколев даде 17 поени, Соколов и Петровски уфрлија пио 16 а Мијатовиќ 11 поени. Кај гостите Харис даде 19 а Атанасов 18 поени. Во ова коло екипата на „МЗТ Скопје“ стигна до првата победа против цврстиот состав на „Кожув“ со 81-76. „Куманово“ освои тешки бодови против вториот тим на „МЗТ“ 77-73, а „ТФТ“ се радуваше во Струга против „Црн Дрим“ со 69-79. Средбата „Вардар“ - „Пелистер“ е одложена бидејки и двете екипи пријавија заболени од КОВИД уште во првото коло. „Гостивар“ на домашен терен го запиша и вториот пораз а „Работнички“ по победата во дербито со „МЗТ“ прокнижи уште една важна гостинска победа овој пат од 82-92. Во следното коло, претстојниов викенд, нашите кошаркари ке имаат тешко гостување против ранетиот лав „Гостивар“ кој едноставно ке мора да игра на победа, но токму тоа би требало да биде наша предност како и фактот што средбата се игра без публика.

м.в.

https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/674030123487888

123867397_348959266402260_3875392858118243789_n 123906911_643824866311001_2792894584566488529_n 123633691_978313902678241_1873085158645197077_n