МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Трет пат сезонава, кошаркарите на Фени Индустри демонстрираа квалитет и надмоќност ,oовој пат против Карпош Соколи

По екипите на Тирана и Трепча, во „печката“ наречена „Јасмин“ беа „испечени“ и „соколите“ од скопски Карпош, кои немаа одговор за расположените домашни играчи, особено за Павиќ, но и гранитната одбрана која во второто полувреме прими само 31 поен, од кои 10 во последниот период, за ново славје, овој пат од 85-70.Сепак, и покрај двоцифрената предност на крајот од натпреварот, патот до победата не беше ни малку лесен, затоа што кошаркарите на Карпош Соколи при секој обид на Фени предвреме да го реши натпреварот редовно наоѓаа начин како да ја анулираат серијата на домашните играчи. Предноста од 2 поени по првите 10 минути беше преполовена до полувремето, кое Фени го доби со 40-39, за да во последниот период влезе со предност од 5 поени, 65-60. Агресивниот пристап во одбраната, и денес неверојатниот Вукота Павиќ кој погоди речиси се, заедно со секогаш одличниот Кирил Николовски беа клучни во создавањето на предноста која обезбеди мирен финиш и трета победа која го оддржува Фени на втората позиција во групата Б, веднаш зад тимот на Сутјеска.Павиќ со 20 и Николовски со 18 беа први стрелци во тимот на Фени, во кој двоцифрен беше уште Бобан Стајиќ кој мечот го заврши со 12 постигнати поени. Поранешниот играч на Фени, Дарко Соколов со 15 поени беше најдобар кај Карпош Соколи, додека Лабовиќ постигна 14 поени.

Љупчо Малинков: Најпрво сакам да им честитам на моите играчи. Одиграа маестрално. Постигнавме 85 поени против тим кој се натпреварува во АБА лигата, а примивме само 70, и тоа покажува дека сме одиграле добра одбрана. Во второто полувреме примивме само 30 поени, што е мислам задоволувачки за да добиеме тим кој е еден од подобрите во македонската, но и во БИБЛ лигата.

Андреј Магдевски: Па, ова е голема победа за нас. Имаме пех со повредата на Чешковиќ кој не играше цело второ полувреме, но се надевам дека не е ништо сериозно. Уште еднаш одигравме одлично во одбраната што беше клучно за победата.

Драган Николиќ: Честитки за кошаркарите на Фени. Фени ги погоди своите шутеви за три поени, а ние не. Игравме без четири играчи. Не бев известен дека Кнежевиќ има здравствени проблеми, инаку би го земал Зековиќ, а дополнително останавме и без Дувњак и без Ричардс кој се повреди. Иако треба да не краси играта во одбрана, во првото полувреме не игравме добро, не правевме паметни прекршоци, и го разигравме домаќинот. Играчите на кои им дозволивме на да шутираат тројки денес имаа свој ден, погодија неколку тешки шутеви, и тоа е исто така причината поради која Фени успеа да слави.