БАДЕЛ КЕ ИГРА ВО ВАБА СУПЕРЛИГАТА

Македонскиот кошаркарски претставник во женската АБА-лигата, екипата на ЖКК Бадел 1682, испиша историја и со триумф над екипата на Партизан од Белград со 58-46 на домашен терен се пласираше во следната фаза од ова натпреварувањето, што е првпат во македонската клупска историја. Македонија досега имаше клубови кои настапуваа во регионалното натпреварување, но ниту еден од нив не успеал да ја помине првата фаза. Ова беше четвртиот триумф во првата фаза од ова натпреварување за баделки кои како четвртопласирани во својата група се пласираа во ВАБА Суперлигата. Во Суперлигата, која стартува по новата година, кошаркарките на Бадел 1862 ќе играат уште осум натпревари против екипите на Будуќност Бемакс, Орлови, Војводина 021 и Триглав, кои беа најдобри во групата „А“ во која настапуваше нашиот втор претставник – Баскет Кам.

Кога сме кај екипата на Бадел тие се лидери во елитната група А во домашното првенство и се без пораз во досегашните 9 кола а во следното 10 коло веке во недела ке гостуваат овде во Кавадарци каде во салата Партизан ки чека дуелот со екипата на Пробаскет. Средбата Пробаскет - Бадел со директен пренос на КТВ телевизија се игра во недела со почеток од 14.30 ч. Во недела се игра и натпреварот Кр. Паланка - МЗТ додека ден порано своите средби ке ги одиграат Баскет КАМ - Работнички и Струга - Вардар.Екипите од групата Б ке ги одиграат средбите од 9 коло. Според делегирањето веке денесka својот натпревар ке го одиграат Гостивар и Тим Арена, во сабота се срекаваат Гризли и Патриот што е дерби на колото а во недела играат Куманово и Шкупи. Според официјалниот документ на КФМ средбата помеѓу лидерот Трокал и Риниа ке се одигра во Кавадарци на 25 декември.

М.В.

257406939_448292766642982_8983419406440252891_n