Управата на „КК Еуро Никел„ продолжува да го оформува играчкиот ростер за следната сезона. Ангажиран е искусниот српски плејмејкер Александар Влаховиќ кој има 30 год. и како јуниор ја мина младинската школа на блеградски Партизан Потоа настапуваше во „Мега Визура“ и „Слога“ од Краљево. Следуваше трансфер во Унгарија а последните три сезони Влаховиќ настапуваше во „Стеауа“ Букурешт, „Интер„ од Братислава и словенечкиот „Сентур“. Претходно клубот го договори поранешниот центарски тандем на „Блокотехна„ - Мијатовиќ и Казарновски а ангажиран е и поранешниот младински репрезентативец Ранко Мамузиќ кој доаѓа од вториот тим на „МЗТ“. Ангажиран е уште еден еден поранешен младински репрезентативец Благој Димитриев кој е дете на „Феникс“ настапуваше за Охрида минатата сезона беше во Струмица.Од клучните домашни кошаркари клубот ги продолжи договорите со Јане Петровски, Дарко Соколови Никола Караколев и неколку млади кавадаречки кошаркари кои и минатата сезона беа дел од првиот тим.
М.В.