МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СТАРТОТ НА КОШАРКАРСКИОТ ПЛЕЈ ОФ ПОМИНА БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА

Се одиграа првите четвртфинални дуели од кошаркарскиот плеј оф. Кошаркарите на ЕуроНикел беа домакини во Гевгелија и го совладаа тимот на Гостивар со 90:79.

Првото полувреме беше релативно рамноправно но мина во знакот на кавадарчани со 47:39. ЕуроНикел доминираше во третиот период па во последните десет минути се влезе со скор 70:53. До крајот кавадарчани одиграа рутински и не дозволија никакво изненадување. Повторно Рикиќ , Мијатовиќ и Соколов беа најефикасни со 19, 18 односно 17 поени а Рикиќ имаше и 112 скока за дабл дабл. Кај гостиварчани Тодоровиќ постигна 20, Јанески 19 а Лакиќ 17 поени.Пелистер иако се мачеше сепак не дозволи повторно да биде изненаден од ФМП и забележа победа од 89:84. Работнички повторно тесно го совлада ТФТ со 72:65 додека МЗТ беше убедлив во дуелот со Куманово 88:71.

Четвртфиналните средби се играат на два добиени натпревари

М.В.