РАКОМЕТАРИТЕ НА ТИКВЕШ ВИКЕНДОВ МУ ГОСТУВААТ НА БУТЕЛ

Есенската полусезона од ракометната машка суперлига според груби пресметки ќе трае најмалку до 27 декември. Првичниот план на РФМ беше да се одиграат 14 кола во забрзан ритам до крајот на октомври сепак не се реализираше. Ова значи дека полусезоната сега ќе заврши во ист термин како и досега во претходните сезони. Ако на пример се играше едно коло неделно наместо по забрзан ритам ќе имаше помалку одложени натпревари и немаше да настане хаос со термините. Суперлигашите немаше да играат по принципот „три средби за три дена“ а од друга страна тренерите ќе можеа да одработат поквалитетни тренинзи и многу подобро да го подготват тимот за секој нареден противник. „Пролет“ на пример одигра пет натпревари во осум дена, сега „Металург“ практично од карантин ќе излезе на терен, и ќе одигра дури седум средби за 11 дена – шестте заостанати средби од Суперлигата плус една од Лигата на Европа. Во групата А од ракометната суперлига останува да се одиграат уште само два натпревари додека во групата Б ќе бидат на програмата уште 12 натпревари, по кои ќе бидат познати сите патници во плеј-офот и плеј-аут. Ако не се случи нешто непредвидливо ова се термините за сите преостанати средби :

10.дек „Младост“ - „Бутел“ Суперлига, 9 коло

11.дек „Пролет“ - „Јуниор КВ“ Суперлига, 8 кол

13.дек „Јуниор КВ“ - „Струга“ Суперлига, 9 коло

13.дек „Бутел“ - „Тиквеш“ Суперлига, 10 коло

16.дек „Бутел“ - „Металург“ Суперлига, 7 коло

18.дек „Еурофарм П2“ - „Металург“ Суперлига, 8 коло

20.дек „Работнички“ - „Металург“ Суперлига, 11 коло

22.дек „Прилеп“ - „Тиквеш“ Суперлига, 12 коло

22.дек „Еурофарм П2„ - „Бутел“ Суперлига, 12 коло

23.дек „Металург“ - „Младост“ Суперлига, 12 коло

25.дек „Тиквеш“ - „Металург“ Суперлига, 13 коло

25.дек „Бутел“ - „Прилеп“ Суперлига, 13 коло

25.дек „Младост“ - „Работнички“ Суперлига, 13 коло

27.дек „Металург“ - „Бутел“ Суперлига, 14 коло

27.дек „Работнички“ - „Тиквеш“ Суперлига, 14 коло

27.дек „Прилеп“ - „Еурофарм П2“ Суперлига, 14 коло

м.в.