МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Порази претрпеа машкиот и женскиот тим на Пробаскет а Јан Бор ке игра утре

Во македонската елитна кошарка се одиграа средбите од 2 коло. Чаир загуби тесно од ТФТ со 83-87. Пелистер му го нанесе вториот пораз на Работнички со 92-76. Кожув минимално ја доби Струмица со 88-86. Феникс беше сигурен против ФМП и славеше со 79-62. Во Кавадарци во СС Јасмин Еуро Никел ја прокнижи и втората победа и тоа убедлива со 84-58 против Куманово. Во вторник на 18 октомври ке се сретнат МЗТ и Гостивар.На стартот на новата сезона во третата машка лига во Кавадарци се одигра мошне интересен дуел. Се сретнаа Пробаскет и Спорт тим од Неготино. Во натпревар полн со пресврти победа славеа неготинчани со резултат 71-73Стартуваа и девојките. Во првото коло од групата А новајлијата Гризли загуби од Баскет Кам со 63-85, Вардар ја доби Струга со 77-44 а МЗТ ја совлада Кр. Паланка со 59-46. ВоКавадарци Пробаскет парираше три четвртини но на крај загуби од шампионот Бадел со 82-95. Во групата Б Шкупи беше убедлив против Спорт Тим со 85-27 а Патриот ја совлада Риниа со 52-34. На 20 октомври ке играат Пониква-Пелистер а утре во Куманово екипата на Јан Бор, поранешен Трокал му гостува на Куманово

М.В.