ЕКИПАТА ОД ГРАДСКО ВО ЧЕКОР ГИ СЛЕДИ ВОДЕЧКИТЕ

Во рамките на 12 коло од третата МФЛ група југ беа постигнати повеке или помалку очекувани резултати. Екипата на „Локотива“ од Градско ја оправда фаворитската улога и го совлада тимот на „Големо Коњари“ со резултат 4:1. Домашните поведоа со 1:0 во 18 мин со голот на Сунај Мемков но во 41 мин Николај Даноски израмни на 1:1. Во вториот дел со головите на Ѓунет Усеинов во 60,Насаф Шабанов во 78 и Јованче Петров во 80 од пенал екипата од Градско стигна до посакуваните три бода.Екипата на „Марена“ дефинитивно го одигра најдобриот натпревар сезонаваи со високи 4:0 го совлада „Обршани“ кој рака на срце одигра повеке од очајно. „Вардар“ од Неготино не успеа на гостувањето во Башино Село каде одигра само 2:2 со домаќинот „Илинден“. Гостите од Неготино два пати водеа во 19 мин со голот на Костадин Петров и во 70 со голот на Дарко Божиноски но одличната игра на домаќините им донесе голем бод во 89 мин преку Папазовски со фаворитот „Вардар“ кој претендира за висок пласман. „Напредок“ од Крушеани се намачи со „Динамо“ но сепак побе1ди во меч со седум погодоци и резултат 4:3. „Динамо“ има зошто да жали, бидејќи прокоцка предност од дури три гола. Во 41. минута гостите поведоа со 0:3, и предноста ја чуваа се до 47 мин, по што „Напредок“ одигра фантастичен натпревар и до 70. минута веке го сврте резултатот и водеше со 4:3. „Ново Црнилиште„ не запира и го „збриша“ „Дојранско Езеро“ со убедливи 5:0. Екипата од Дојран мора да споменеме се соочува со голем број на повредени и ковид-позитивни играчи. „Младост“ на домашниот терен во Удово беше декласиран од разиграниот „Превалец“ кој со 0:4 дојде до нови три бодови и ги следи водечките. „Питу Гули“ продолжува со очајните игри и со 1:2 загуби од „Братство“. На врвот има мала промена. „Ново Црнилиште„ сега е прв со 27 бодови, колку што има и „Напредок“ од Крушеани. Два бода помалку има третопласираната „Локомотива“. На дното од табелата е „Илинден БС“ со 5 бодови.

М.В.

131093888_1289603878099440_1233416304414097325_n